Коки Петров од Металург на позајмица во Вардар до крајот на сезоната

Вардар донесе уште едно засилување по Додиќ од Охрид, откако од денеска нов член на „црвено-црните“ е и пивотот на Металург, Костадин Петров.

Овој 29-годишен ракометар летово се врати од Шпанија во мак-ракометот потпишувајќи за Металург, за денеска на позајмица да се пресели во таборот на „црвено-црните“. Според договорот на двата клуба, Петров ќе остане во Вардар до крајот на сезонава, по што во текот на летото ќе се врати назад во Автокоманда.

„Дадовме зелено светло за Петров да може да ја продолжи кариерата во дресот на Вардар. Ракометарот ќе може да напредува преку настапите во СЕХА-лигата и во Лигата на Шампионите, но ние сериозно сметаме на неговите услуги за наредната сезона“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Се вчитува...