Коко Гоф доминантно го освои сеамериканското финале во Синсинати (ВИДЕО)

Американската тенисерка Коко Гоф го освои турнирот во Синсинати, победувајќи ја сонародничката Џесика Пегуља.

Гоф убедливо победи во финалето со 6-2, 6-4 и со тоа стигна до титулата во Охајо по втор пат, по 2023 година.

Ова беше првото сеамериканско финале на Синсинати од 1970 година, а за Гоф ова е првиот трофеј во сезоната. Таа им се придружи на Серена Вилијамс и Викторија Азаренка во групата тенисерки со две титули во Синсинати.

Интересно е што Гоф го загуби првиот сет на турнирот, од Људмила Самсонова, и од тој момент па натаму загуби само 32 гема.

„На секој натпревар се чувствував посигурна. Знаев дека можам да решам работи дури и ако не играв најдобро што можам“, рече Гоф.

Во финалето, кое траеше еден час и 14 минути, трендот продолжи. Гоф поведе со 5-0 за помалку од половина час.

Работите само се искомплицираа откако со 6-2, 5-2, таа не успеа да ја заврши работата со сервис во осмиот гем, но набрзо, го „заклучи“ натпреварот со уште еден брејк.

Се вчитува...