Кокшаров поднесе оставка

Едуард Кокшаров поднесе оставка од местото селектор на репрезентацијата на Русија, по слабиот настап на Европското првенство, на кое Русите го завршија настапот уште во првата фаза, со учинок од три порази.

Кокшаров одлуката да се повлече од кормилото на „Зборнајата“ ја соопштил на претседателот на Ракометната федерација на Русија, Сергер Шишкарев која веднаш била прифатена. Едуард Кокшаров повеќе не е тренер ниту на европскиот ракометен клупски првак, Вардар, кој во вториот дел на сезоната ќе го води, Стевчо Алушовски.

Русија настапот на Еврошампионатот го заврши на последната позиција во Е групата, каде забележа порази од Унгарија, Исланд и Данска.

Се вчитува...