Колашинац е првото засилување на Арсенал

Босанскиот репрезентативец и фудбалер на Шалке 04, Сеад Колашинац ќе биде првото засилување на Арсен Венгер за следната сезона.

Според босанските медиуми, Колашинац потпишал пред неколку дена, веќе го знае и својот број на дресот,  а добил и потврда дека Арсен Венгер ќе биде негов менаџер. Колашинац на „Емирати“ доаѓа како слободен играч, бидејќи неговот договор со Шалке завршува во јуни.

Пред трансферот во Арсенал, Босанецот можеше да одбира меѓу неколку европски гиганти, но се одлучи за тимот на Венгер нагласувајќи дека доаѓа во Лондон со цел да освојува трофеи. 23-годишниот дефанзивец за Шалке игра од 2011 година, а во последните две сезони се наметна како еден од најдобрите леви бекови во Бундеслигата.

Во неговите фудбалски почетоци ги помина сите категории на младите репрезентации на Германија, а од 2013 година заигра за сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина, каде досега забележа 18 настапи.

Се вчитува...