„Колеџ Стар“ и во Македонија – можност за македонските спортисти да се усовршуваат и образуваат во САД

Со единствена цел на младите македонски спортисти да им се овозможи „кариера по кариерата“ агенцијата „Колеџ Стар“ од Нови Сад и официјално ќе има своја експозитура во Македонија.

Во хотелот „Хилтон“ во Скопје под строго утрвдени протоколи и голем интерес како од младите македонски спортисти, нивни родители, тренери и спортски работници, агенцијата ја имаше својата промоција и презентација.

„Досега во овие 13 години „Collegestar“ агенција посредуваше на преку 500-тини клиенти, кои своето школување и спортско усовршување го продолжија во САД. Програмата за спортски стипендии во Америка од година во година е се повеќе попопуларна кај меѓународните студенти. Студентите спортисти се повеќе се определуваат за заминување и школување во САД затоа што не само што ќе имаат шанса спортски да се усовршат високо ниво со што би граделе успешна спортска кариера, туки, пред се, ќе добијат можност за квалитетна едукација, стекнување на престижни дипломи од реномирани Универзитети“, истакна генералниот менаџер за Македонија, Бојан Златковски.

Митар Кустудија сопственик на агенцијата чие главни седиште е во Нови Сад, потенцира дека на просторите на поранешна Југославија, има огромен број на млади спортисти чиј талент не е доволно вредниван, па се повеќе млади се одлучуваат да заминат во САД на усовршување.

„Самата програма на образованите во САД е така направена што младите нċ само што тие имаат можност да работат и тренираат во надобри можни услови, со врвни стручњаци и по докажана спортска програма, туку истовремено самите образовни институции, средни училишта и факултети им овозможуваат да се стекнат со високо образование од најразлични области. Едноставно. Овој систем на младите спортисти им овозможува шанса да изградат професинонална кариера и по завршувањето на спортската кариера“, исткна Кустудија.

Досегашното 13-годишно искуство покажува дека, за подобро и полесно прилагодување во овој систем на градење на двојна кариера, најпрепорачливо е младите спортисти што порано да решат да заминат во САД, односно по завршувашето на втората или третата година од средното училиште.

Воедно агенцијата во соработка со партнерско училиште за странски јазици „Авалон“, на кандидатите, односно оние кои ќе се решат да ја искористат оваа можност, им нуди стручна соработка и помож за усовршување на англискиот јазик, одосно подготовка за полагање на задолжителните и „SAT“ и „TEOFL“ тестови.

Се вчитува...