Коленото на Варан изгледа страшно (фото)

Рафаел Варан ја затресе сопствената мрежа за негатива од 0-2 на дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона, по што францускиот ас остана да лежи на теренот во агонија, барајќи да му биде укажана лекарска помош. Дека повредата не била наивна доказ е фотографијата што Варан ја објави на својот инстаграм-профил, на која се забележуваат дупки од крампони на ногата на асот на Реал.

Останува да се види дали одличниот дефанзивец ќе се рехабилитира навреме за да може да настапи на наредното „Ел Класико“, што веќе в сабота ќе биде на програмата повторно на „Сантијаго Бернабеу“, овојпат во рамките од Примера дивизион.

Се вчитува...