Колев ја донесе „вардарката“ Мицевска во Ница

Егзодусот од женскиот клуб на Вардар продолжува и во текот на летово, откако голманката Јована Мицевска го напушти таборот на „црвено-црните“ и реши својата кариера да ја продолжи во Франција.

Ница е новиот тим на Мицевска, откако таа се договори за трансфер во овој клуб, каде тренер е Македонецот Марјан Колев.

„Младата и талентирана голманка на македонската репрезентација е член и на Вардар. Без оглед на младоста, таа веќе покажа одлични настапи за првиот тим, што беше доволна препорака да и понудиме договор на три години“ – објави Ница на својата официјална веб-страница.

Се вчитува...