Колку е сериозна новата повреда на Мбапе?

Реал Мадрид не успеа да стигне до триумф на гостувањето против Бетис, а дополнителен проблем за „кралевите“ претставува повредата на Килијан Мбапе.

Французинот не така одамна се врати по незгодна повреда, се чинеше дека конечно влегува во посакуваниот ритам, за синоќа повторно самиот да побара да биде заменет, на својот јубилеен стоти натпревар во десот на „кралскиот клуб“.

„Мбапе се пожали дека почувствувал нешто во ногата. Не знаеме што е точно, ќе ги почекаме прегледите“, кратко прокоментира Алваро Арбелоа по натпреварот.

Неофицијално, повредата не е премногу сериозна, но „кралевите“ стравуваат дека Мбапе ќе го пропушти големото дерби со Барселона закажано за петнаесетина дена.

Во таборот на Реал Мадрид стануваат се позагрижени поради честите повреди на најголемата ѕвезда во тимот, уште повеќе бидејќи летово ќе следи и СП 2026, што ќе значи скратен одмор за Мбапе и ризик од уште поголеми проблеми во сезоната што следи.

Се вчитува...