Колку се силни младите Шпанци: Триумф над Италија во Рим

Младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 21 година ќе биде противник на Македонија во групата на ЕП во Полска, а за каква квалитетна селекција се работи доволно говори и податокот за триумфот над Италија (1-2) на гости на вечерашниот пријателски натпревар во Рим. „Црвеата фурија“ имаше водство од два гола по првиот дел.

Саул Нигез во 34.минута го отвори резултатот, а четири минути подоцна Борха Мајорал зголеми на 0-2. Италијанците постигнаа почесен погодок преку Лоренцо Пелегрини во 74.минута, но победата им припадна на Шпанците.

Заедно со Македонија и Шпанија, во групата на ЕП во Полска ќе бидат и селекциите на Португалија и на Србија.

All Goals International Friendly U21 – 27.03… by diyan-delev

Се вчитува...