Колумбиецот со македонски пасош потпиша со Борац Бања Лука

Колумбиецот со македонски пасош, Себастиjан Херера, е нов играч на Борац Бања Лука, објави босанскиот клуб.

Тој од Кипар, каде што играше во дресот на Докса, се сели во БиХ и во иднина ќе го носи дресот на Борац Бања Лука.

Херера пет години беше член на Работнички, а потоа потпиша за МТК во Унгарија. Оттаму се врати во Македонија, но во дресот на Брегалница, а потоа замина на Кипар.

 

Се вчитува...