Комедија: Никогаш не видел снег во животот, а настапи на СП

Адријан Солано од Венецуела приреди нешто што никој досега претходно не направил.

Солано дојде на Светското првенство во крос-кантри кое се одржува во Лахти, Финска, а претходно никогаш не видел снег во животот. Тоа на патеката беше очигледно, затоа што несреќниот Солано при секој обид да застане на скии паѓаше. Иако имаше желба, константно паѓаше, но сето тоа не го демотивираше. На крајот успеа да стигне до целта…

Заостанувањето беше очекувано огромно, а зад првиот доцнеше дури 38 километри. Интересно е дека пред СП, Солано се обиде да влезе во Шведска како подобро би се подготвил, но го депортираа веднаш по влегувањето во државата, затоа што мислеа дека се работи за илегален имигрант…

Се вчитува...