Комесарот на НБА ја потврди 30 дневната суспензија

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер ден по суспензијата поради позитивниот тест на Руди Гобер на коронавирус потврди дека мечевите во најсилното кошаркарско натпреварување во светот се суспендирани на 30 дена.

Првиот човек на лигата објави дека и зависи од проценката ќе биде одлучено дали сезоната по овие 30 дена ќе биде продолжена без публика.

„Прерано е да претпоставиме дека сезоната е загубена. Дури и ако изгубиме месец до месец и пол, уште можеме да продолжиме. Тоа би значело дека финалето би се играле на крај на јуни или почеток на јули“, изјави Силвер. 

Исто така суспендиран е и традиционалниот плеј-оф во колеџ кошарката, кој го носи името „Марш меднес“.

Се вчитува...