Комити ќе организираат марш за Вардар

Навивачката група Комити ќе организира марш за Вардар. Во период кога иднината на клубот е повторна неизвесна, кога поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко го остави со долг од околу 2 милиони евра, а Град Скопје очекува долгот да биде подмирен пред повторно да го преземе, Комитите се тие кои повторно ја раздвижуваат атмосферата и ги повикуваат сите вардарци, спонзори, градоначалници на Скопје, поранешни и сегашни фудбалери, тренери, спортски работници, функционери, да се обединат…Во повикот објавен на социјалните мрежи, се вели…

На денот на нашиот роденден го најавивме Маршот за Вардар.

И сега точно во 19:47 Го закажуваме за 22-ри јули, точно 47-миот ден по нашиот роденден, денот кога формално правно во 1947-ма, со фузија на тогашните фудбалски клубови Победа и Македонија е настанат фудбалскиот клуб Вардар.

Ги повикуваме сите којшто на било кој начин учествувале во неговото создавање и градење…Повик до сите оние кои ги бранеле и бранат на било кој начин неговите бои, поранешни и актуелни – играчи, стручен штаб, спортски работници, функционери, секретари, претседатели, членови на управни и надзорни одбори, членови на Собрание на клубот, спонзори, финансиери, градоначалници на Скопје и пратеници на Собранието на Град Скопје, раководители и делегати од ПУИГ…

Повик до сите оние кои барем еднаш биле на Градски стадион, за да го гледаат Вардар, љубители на фудбалот и црвено црните бои, симпатизери, фанови, навивачи, Ултраси, Вардарци, Комити, Македонци и сите останати на кои Вардар им е при срце…

Повик до сите здруженија, спортски, културни работници, уметници, патритски и други здруженија, слободни граѓани…

Припадници на сите политички партии, заедно еден до друг, да заборавиме на политика барем еден ден, и да се сплотиме за една големина позади која се идентификува голем дел од македонскиот народ.

Сите заедно затоа што Вардар е срцето на Скопје, душата на Македонија !

Да одвоиме еден час од своето време и заедно да зачекориме сите ние, од разни сфери на општеството, од Скопје, од Македонија – само и единствено – За Вардар !

Маршутата дополнително ќе биде објавена.

Се вчитува...