Комити контра Миленко: Вардар е клуб на народот – наш е, наш ќе остане

Навивачката група „Комити“ вечерва со ново соопштение објави дека ја продолжува борбата против актуелната управа на ФК Вардар на чело со Миленко Неделковски.

„Обединети против злото кое мора да си замине“, се вели во дел од соопштението што ви го пренесуваме во целост…

Полн стадион против Управата на чело со Миленко Неделковски. Комити и Вардарци обединети против злото кое мора да замине ВЕДНАШ!

Голема благодарност до сите кои ја застанаа зад одлуката на групата и вечерва испратија јасна порака: УПРАВА ОДИ СИ!

Од овој момент започнува бојкотот и нашиот целосен фокус се насочува кон РК Вардар и ги повикуваме сите да то направат истото!

Само сплотени може да го истераме ова зло, само обединети ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ!

НАШ Е ВАРДАР – НАШ ЌЕ ОСТАНЕ!

Се вчитува...