„Комити“ најавија НАРОДЕН ФРОНТ за ВАРДАР: Во очи да им кажеме на оние кои мислат дека се над Вардар!

По денешниот пораз на Вардар од Беса, четврти едноподруго во првенството за најтрофејниот македонски клуб, се огласија најверните црвено-црни навивачи „Комитите“ кои најавија отворање Народен фронт за Вардар.

„Комити“ повикаа на масовна мобилизација за натпреварот во среда против Тиквеш во Купот на Македонија притоа истакнувајќи дека на мечот ќе бидат истакнати нивните ставови за ситуацијата во клубот, како што велат, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот.

СООПШТЕНИЕТО ОД КОМИТИ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ – ЗА ВАРДАР!

Во среда, 23.10.2024, на Западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи – секој член, сите оние кои размислуваат поинаку!

Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО!

Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна Западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане!

Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата – БОРБА!

НАЈМАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА ДОСЕГА!

Се вчитува...