„Комити“ во чест на Саздо… Вечна почит! (ФОТО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ се одлучија првите 21 минута од натпреварот против Пјуник во квалификациите за Лигата на Европа да ги минат без глас на „Филип Втори“.

Молчеа „Комитите“ во чест на убиениот 21-годишен свој член Никола Саздовски – Саздо искажувајќи ВЕЧНА ПОЧИТ и со убава сценографија на Западната трибина, а потоа со максимална поддршка за црвено-црните фудбалери во желбата да се стигне до победа против Ерменците и да се продолжи ова лето европскиот пат.

Се вчитува...