Екипата на Комо која минатата сезона беше најпријатно изненадување во Серија А обезбедувајќи пласман во Лигата на шампионите, продолжува со одличните игри и сезоната.
Тимот кој го предводи Францеск Фабрегас во првиот меч од третото коло во Серија А, славеше со убедливи 4:1 на гостувањето кај Џенова и привремено се искачи на првото место на табелата со седум бода.
Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме иако Џенова преку Осмајиќ во 19-та минута го отвори резултатот.
Одговорот на Комо беше три гола за само 15 минути, од 25-та до 40-та минута мрежата на Џенова ја тресеа Батурина, Диао и Паз. Конечниот резултат го постави Диао во 78-та минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
