Дарко Чурлинов наскоро ќе се врати на терените, и ќе се опорави од повредата од бутниот мускул поради кја паузира веќе повеќе од еден месец.
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани откри дека Чурлинов добро напредува со опоравувањето, и дека наскоро го очекува да се врати во екипата и да биде во комбинација.
„Чурлинов напредува добро. Никогаш не ни е лесно кога имаме фудбалери на кои не можеме да сметаме, но работите одат во вистинска насока. Чурлинов го очекуваме наскоро на теренот. Мојата желба би била сите да се опорават пред паузата за Светското првенство“, рече Компани.
Последниот настап на Чурлинов беше на 2. септември, и од тогаш нема натпревар. Не беше во комбинација ниту за септемвриските натпревари против Грузија и против Бугарија за репрезентацијата во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА