Само еден ден откако ја освои титулата во Германија, Баерн Минхен се подготвува да се засили во следниот летен предоен рок. Според информациите, една од главните цели на „Баварците“ е играчот на Њукасл, Ентони Гордон.
Веќе имаше шпекулации за него, Гордон е најдобриот играч на Њукасл, и неговата цена изнесува 75 милиони евра. Токму тоа е прашањето дали Баерн ќе биде подготвен да плати толкава сума.
Тренерот Винсент Компани наводно дал зелено светло за овој трансфер да се оствари. Баерн ќе се обиде со понуда од околу 60 милиони евра.
Исто така неизвесна е иднината на Мајкл Олисе, кој би можел да замине во Реал Мадрид, па тимот од Минхен да треба да бара и замена за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
