Компани играше со него во Сити, сега го носи во Баерн

Баерн Минхен доминантно стигна до титулата во Бундес-лигата, но управата не крие дека планира дополнително да се засили за следната сезона да се обиде да го освои и трофејот во Лигата на Шампионите.

Изненадувачки, едно од првите имиња на листата со желби на тренерот Компани е англискиот репрезентативец Џон Стоунс, со кого белгискиот стратег своевремено заедно настапуваше во одбраната на Манчестер Сити. Стоунс е слободен играч по истекот на договорот со Сити, а Компани не сака да ја пропушти шансата да го доведе на „Алијанц Арена“.

Стоунс би бил идеално дополнување за одбранбената линија, а Англичанецот кај Гвардиола добро играше и како последен фудбалер за врска.

Тој освои шест титули во Премиер-лигата и еден трофеј во ЛШ со Сити, веќе објави дека летово ќе ги смени клупските бои. Стоунс има понуди од Премиер-лигата, но во ситуација кога интерес покажува гигант како Баерн, сигурно дека добро ќе размисли, уште повеќе ако се знае дека тренер ќе му биде пријателот Компани.

Се вчитува...