Компани: Мусиала почна да тренира со нас, но ….

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, обелодени дека на тренинзите на баварскиот гигант од денеска се приклучил и Џамал Мусиала, кој кратко време беше „во аут“ откако колабираше на два пријателски натпревари во низа.

Мусиала потоа самиот објави дека има невролошка дисфункција поради која накратко губи свест, предизвикувајќи загриженост за здравјето на германскиот суперталент.

Самиот Мусиала изјави дека тоа нема да се одрази врз неговата кариера, а Компани денеска потврди дека состојбата на Џамал оди во позитивна насока. Стратегот на Баерн истовремено потенцираше дека тоа нема да значи брзање со негово враќање на натпревари.

„Џамал се чувствува многу подобро и од денеска се враќа на тимските тренинзи. Тоа значи дека се навикнува на зголемените дози на лековите што ги прима и неговиот организам добро одговара. Сега е важно да биде со тимот, да тренира, тоа е значајно за него во моментов. Сигурно ќе дојде ден кога повторно ќе биде во составот и ќе може да игра нормално, но нема да брзаме со тоа. Таа одлука ќе ја донесеме заедно со сите медицински стручњаци од ова поле. Она што е најважно во моментов, Мусиала е многу подобро отколку пред една седмица“, обелодени Компани.

Се вчитува...