Последен ден е од преодниот рок, а спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, потврди дека неговиот клуб нема да потпишува нови играчи.
Сепак, сè уште може да има некои активности во однос на заминувањата, па Фројнд се осврна и на гласините за Сачи Боеј и Хироки Ито.
„Нема да доведуваме повеќе играчи. Многу сме задоволни од сегашниот состав. Сепак, може да има и заминувања“, рече Фројнд на прес-конференцијата пред натпреварот од Купот на Германија против Оснабрик.
Факт е дека од Баерн би сакале да се ослободат од Боеј. Десниот бек би можел да се пресели во ХСВ. Враќањето во Галатасарај е исто така сè уште можно, бидејќи преодниот рок во Турција е сè уште отворен уште некое време.
Боеј повеќе не игра никаква улога во плановите на Винсент Компани, па тој дури е „отстранет“ од тимските тренинзи. Самиот Компани му кажал повеќе да не тренира со првиот тим, да работи одделно, што значи дека неговиот статус во првиот тим е веќе познат – не е потребен.
„Во консултација со Компани одлучивме дека треба да тренира индивидуално, бидејќи во моментов има некои дискусии“, објасни Фројнд во врска со посебниот третман на Бој.
А, пак, заминувањето на Ито очигледно не е на повидок, по неодамнешните извештаи за можен трансфер во Ајакс.
„Нема ништо ново со Хироки. И јас ги прочитав гласините, но во моментов нема ништо од тоа. Планираме да остане со нас“, рече Фројнд за централниот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
