Компани се враќа во составот на „граѓаните“

Капитенот на Манчестер сити, Винсент Компани, го надмина проблемот со повредата и ќе му биде на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола за мечот против Сандерленд в недела. Покрај Компани, во тимот се враќа и Александар Коларов, кој исто така се опорави и е подготвен за настап.

„Конечно, Винсент е подготвен и нема здравствени проблеми. Се надевам дека ќе биде со нас до крајот на сезоната, во најважниот дел од натпреварувањата. Исто така и Коларов го добивме назад, и тоа за нас е голема придобивка“, изјави Гвардиола.

Меѓу повредените се Габриел Хееус и Илкај Гундоган, но за нив е јасно дека нема да можат да помогнат до крајот на сезоната.

Се вчитува...