КОМПЛЕТНА АНАЛИЗА: Зошто Украина победи – Кај нас дефанзивците со најмногу пасови, Пандев трет по истрчани километри

Комплетни статистички услуги овозможи УЕФА по синоќешниот натпревар меѓу Македонија и Украина во второто коло од Групата Ц од Европското првенство 2020, како начин за дополнителна анализа на победата на Украинците од 2-1.

Кога е во прашање тимската статистика Украинците имаа вкупно 17 обиди за гол, за разлика од нашите 13. Дури осум шута на украинските фудбалери завршија во рамките на нашиот гол, додека ние пет пати се заканивме директно кон голот на Бишчан. За разлика од мечот со Австрија украинските тимски не не наттрчаа, но и тоа  беше доволно за триумф, особено по катастрофалното прво полувреме на „црвено-жолтите“.

Индивидуално кај нас Елиф Елмас е фудбалерот кој најмногу претрчал на мечот 10.39 километри, а големо изненадување е што најстариот на теренот, капитенот Горан Пандев е трет во нашиот тим со 9.82 километри.

Повторно проблем беше тоа што во нашиот тим највеќе успешни додавања имаа дефанзивците Дарко Велковски (46) и Висар Муслиу (44), што беше далеку помалку од двајцата најдобри во тимот на Украина, Матвиенко 65 и Шарапенко 59 со неверојатен процент на успешност од 95 отсто.

Се вчитува...