КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД: Нашата група стартува со дербито Италија – Англија

Групата „Ц“ за квалификациите за ЕП 2024 година, во која се наоѓа и Македонија, почнува со големото дерби, со финалето на минатогодишното ЕП, само што овојпат Италија ќе биде домаќин. Италија против Англија ќе играат уште на стартот на 23. март, а Македонија ќе ги одмери силите со Малта на домашен терен.

Веќе за три дена Македонија е слободна, а Англија ќе ја пречека Украина, додека Италија ќе гостува на Малта.

Второто дерби меѓу Англија и Италија ќе се игра на 17. октомври 2023 година. Колото ќе финишира со дуелите меѓу Македонија – Англија и Украина – Италија, а Малта ќе биде слободна. Интересно е тоа што со Украина на гости ќе играме во термин од 15 часот. И натаму не е познато дали Украинците ќе може да ги играат мечевите на свое тло, или ќе мораат на неутрален терен (н.з. досега играа во Полска).

Италија ќе биде слободна две кола по ред во јунските натпревари затоа што тогаш „азурите“ ќе ги играат натпреварите од Лигата на Нации.

1.КОЛО (23.03.2023)

Италија – Англија (20:45 ч.)
Македонија – Малта (20:45 ч.)
Украина слободна

2.КОЛО (26.03.2023)

Англија – Украина (18:00 ч.)
Малта – Италија (20:45 ч.)
Македонија слободна

3.КОЛО (16.06.2023)

Малта – Англија (20:45 ч.)
Македонија – Украина (20:45 ч.)
Италија слободна

4. КОЛО (19.06.2023)

Англија – Македонија (20:45 ч.)
Украина – Малта (20:45 ч.)
Италија слободна

5. КОЛО (09.09.2023)

Украина – Англија (18:00 ч.)
Македонија – Италија (20:45 ч.)
Малта слободна

6. КОЛО (12.09.2023)

Италија – Украина (20:45 ч.)
Малта – Македонија (20:45 ч.)
Англија слободна

7. КОЛО (14.10.2023)

Украина – Македонија (15:00 ч.)
Италија – Малта (20:45 ч.)
Англија слободна

8. КОЛО (17.10.2023)

Англија – Италија (20:45 ч.)
Малта – Украина (20:45 ч.)
Македонија слободна

9. КОЛО (17.11.2023)

Англија – Малта (20:45 ч.)
Италија – Македонија (20:45 ч.)
Украина слободна

10. КОЛО (20.11.2023)

Македонија – Англија (20:45 ч.)
Украина – Италија (20:45 ч.)
Малта слободна

Се вчитува...