Конате четири години во Реал Мадрид

Ибрахим Конате ќе биде следното големо засилување на Реал Мадрид откако „кралскиот клуб“ ги договорил условите до довчерашниот дефанзивец на Ливерпул.

Францускиот репрезентативец по објавата дека заминува од „Енфилд“ доби понуди и од ПСЖ и од Баерн Минхен, но можноста да го облече дресот на Реал беше неодолива за екс-фудбалерот на Лајпциг.

Како што информира „Ас“, сите детали од четиригодишниот договор се веќе средени, а слично како и со доаѓањето на Мурињо за нов тренер, се чека да завршат претседателските избори во Реал за овој трансфер да биде официјализиран.

Се вчитува...