Конечно: Барса се откачи и од Бреитвајт

Барселона успеа во уште една замислена мисија – да се ослободи од обврските кон Мартин Бреитвајт. Данскиот интернационалец долго време инсистираше на останување во клубот, за на крајот да се согласи на заминување од „Камп Ноу“ и преселба во градскиот ривал Еспањол.

Данецот во изминатите два месеци одби неколку понуди од Премир-лигата, од Серија А како и од грчкиот великан АЕК, инсистирајќи дека сака да остане да живее во Барселона. Тој проблем го реши Еспањол, нудејќи му тригодишен договор и останување во каталонската престолнина, под услови што Бреивајт веднаш ги прифатил.

Тој веќе ги минал и лекарските прегледи и ќе потпише договор до 2024 година, но најпрвин ќе треба да го раскине договорот за Барса, за што Данецот се очекува да заработи 10 милиони евра.

Се вчитува...