Конечно четврта среќа – Зверев го освои Ролан Гарос! (ВИДЕО)

Германскиот тенисер Александар Зверев го освои Ролан Гарос. Конечно, завршија обидите на Зверев да дојде до грандслем титула доаѓајќи до трофејот во Париз.

Во финалето на Ролан Гарос тој го победи Италијанецот Флавио Коболи, по пет сета со 6-1, 4-6, 6-4, 6-7, 6-1 за да првпат во кариерата освои еден од четирите големи тениски турнири.

Зверев досега три пати беше во финалето и никогаш не успеа да осво грандслем титула.


Беше поразен од Доминик Тим во 2020 година, Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година, а Синер го победи во австралиското финале во 2025 година.

И, во 2026 година, никој не му беше рамен. Конечно до најпосакуваниот трофеј!

Се вчитува...