Конечно добри вести за Ливерпул – Жота се враќа на тренинзите

Ливерпул мака мачи со повреди оваа сезона. Јигрен Клоп не знае дали оваа сезона изгубил повеќе бодови или играчи поради повредно, но германскиот стратег конечно доби и добри вести со оглед на тоа што Диого Жота ќе се врати на тренинзите на „црвените“ оваа среда.

Португалецот одлично се најде на почетокот на својата кариера на „Енфилд“, до повредата на 17 натпревари постигна девет голови, од кои четири на шест дуели во Лигата на Шампиони, меѓутоа пех за 24-годишникот беше дуелот против Митјиланд на кој се здоби во повреда на коленото која го оддалечи од терените три месеца.

Неговиот камбек се очекува на викенд средбата против Шефилд Јунајтед, и јасно е дека „црвените“ со него добиваат нова ширина во нападот и големо засилување, поготово во период кога Ливерпул се наоѓа во серија од четири порази во низа.

Се вчитува...