Конечно фудбал: Вардар и Пелистер – да се види кој колку може во битката за опстанок

По турбуленциите во клубот и доцниот старт на подготовките, со одложувањето на првото пролетно коло Вардар доби можност за уште една недела подготовки за дуелот со Пелистер денеска од 14 часот на националната арена „Тодор Проески“.

Јасно е дека црвено-црните ги чека тешка пролет во битката за опстанок, но најважно е што се собраа минимум финансии и сили да се овозможат мини-подготовките за тимот кој сега е под водство на Никола Илиевски – Џиџи и со бројни играчки недостатоци.

„Нема кукање. Ситуацијата е таква каква што е, и мора да се фокусираме на секој натпревар да биде даден максимумот. Знам дека фудбалерите имаат повеќе од доволно мотив за надигрување со Пелистер што за нас ќе биде прв почетен тест до каде сме“ – вели Илиевски.

И во таборот на Пелистер се свесни дека денешното дерби не значи дека ќе го одлучи подготвеноста на екипи, туку инспирацијата на терен…

„Мислам дека сме добро подготвени за ова неделно дерби. На овој натпревар не влијае подготвеноста. Победникот во дербито ќе го реши мотивот, желбата и екипата која ќе ги искористи шансите, ќе се радува. Имав чест да играм за двата клуба, ги носев и двата дреса. Ние не размислуваме за финансиската ситуација во Вардар. Верувам дека со компактна игра и со индивидуален натпревар ќе го добиеме ова дерби“ – вели напаѓачот на Пелистер, Борче Маневски.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

ПРЕТХОДНО (13.02.2021)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

Се вчитува...