Конечно одлука: ОК Пробиштип преку „зелената маса“ до есенската круна!

Со задоцнување од речиси три месеци, Одбојкарската федерација на Македонија донесе конечна одлука за неодиграниот натпревар од минатата година во Првата македонска одбојкарска лига по кој конечно познат е и есенскиот шампион.

ОФМ одлучи неодиграниот дерби дуел меѓу Пробиштип и Струмица да го регистрира со службени 3-0 (25-0,25-0,25-0) за Пробиштип, затоа што гостите од Струмица неоправдано недопатувале на натпреварот. Струмичани, притоа, се казнети и со 10.000 денари а одземен им е и еден бод.

Одлуката на ОФМ ви ја пренесуваме во целост:

odbojka odluka

На тој начин, ОК Пробиштип со 21 бод е есенскиот шампион на Македонија пред Струмица. Вториот дел од првенството стартува во март.

tabela odbojka

Се вчитува...