По долго чекање, Партизан денеска конечно го официјализираше првиот трансфер за наредната сезона, потпишувајќи двогодишен договор со Кевариус Хејс.
Искусниот 29-годишен центар доаѓа во редовите на белградските црно-бели од таброот на Монако, а претходно има настапувано во Евролигата и во дресот на Жалгирис, Париз и Асвел.
Партизан прави сериозен ремонт во играчкиот кадар, a Хејс доаѓа на местото на Бруно Фернандо, кој се пресели во таборот на Анадолу Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
