По четири едноподруго натпревари без победа конечно се врати Баерн Минхен со убедлив триумф од 4-0 над Баер Леверкузен во првиот натпревар од 8. коло во Бундеслигата.
Баварскиот тим триумфот го најави со голот на Сане уште во 3. минута од средбата, а на асистенција на Мусиала.
Во своето одлично прво полувреме Мусиала во 17. минута зголеми на 2-0, а во 39. минута повторно асистираше овој пат за гол на Садио Мане, негов шести во дресот на Баерн Минхен.
Конечните 4-0 ги постави Милер во 84. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА