Конференциска лига: Миовски и Ристовски ги дознаа противниците

Денеска беа извлечени и групите од првата фаза од Конференциската лига на УЕФА во која дел ќе бидат и двајца македонски репрезентативци, Бојан Миовски и Стефан Ристовски.

Миовски со Абердин ќе дебитира во групната фаза од едно европско натпреварување, и тоа како дел од групата Г заедно со Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК и Хелсинки.

Стефан Ристовски и Динамо Загреб доживеаја фијаско ова европско лето, беа елиминирани од АЕК во квалификациите за ЛШ, потоа и од Спарта Прага во квалификациите за Лигата на Европа, па хрватскиот првак сезонава ќе се натпреварува во Конференциската лига, во групата Ц заедно со Плзењ, Астана и Балкани.

Се вчитува...