Коњите на Јокиќ редат победи

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, ужива во паузата помеѓу двете сезона во НБА лигата и фокусот освен на одмор му е неговата пасија надвор од кошарката – коњите.

По завршувањето на обврските со селекцијата на Србија, Јокиќ одмора во татковината, а денеска беше забележан на трките со коњи кои се одржаа во Пожаревац.

На главната трка, учествуваа два коња на Јокиќ, Ензо Џет и Дајмонд Алести и имаше големи причини за славење. Победник на трката беше неговиот Дајмонд Алести.

Се вчитува...