Конор МекГрегор во затвор: Тотално „полуде“, повредувајќи двајца УФЦ борци

Ирскиот ММА борец Конор МекГрегор приреди синоќа тотален хаос во Бруклин напаѓајќи минибус кој превезуваше УФЦ борци.

По дивјачкиот напад, њујоршката полиција го уапси Ирецот кој во моментов е во притвор со обвиненија за напад. Тешки повреди во нападот добиле двајца борци. Мајкл Киеса заработил тешки посекотини на лицето, додека Реј Борг има повреда на окото и нивните борби на УФЦ 223 се откажани.

Исто така повреден е и еден обезбедувач на кого му е скршен зглобот, а од пописот на борби е тргнат и пријателот на МекГрегор, Артем Лобов поради кого и настана комплетниот хаос.

Лобов неодамна доби шлаканица од Нурмагомедов, а МекГрегор одлучи на дивјачки начин да ја „брани честа“ на својот пријател. Пристигна синоќа во салата со група од околу 20 лица, го нападна минибусот, и предизвика општ хаос.

УФЦ 223 и покрај се ќе биде одржа, но три борби се откажани при што Лобов е исфрлен од натпреварувањето.

Се вчитува...