Констанца прв финалист на турнирот во Струга, стружани и битолчани со по три порази

Романска Констанца е првиот финалист на 46. Меѓународен турнир „Струга 2018“. Тимот кој од клупата го предводи Звонко Шундовски, а во составот се Никола Митревски и Велко Маркоски во денешниот прв натпревар славеше против домаќинот Струга со 37-19  и со две победи и едно реми со Алингсас на стартот, го обезбеди првото место во групата и пласманот во финалето.

Констанца беше суеприорна во дуелот со стружани. Романскиот тим поведе на стартот со 7-0 и беше апсолутно надмоќна во текот на целиот натпревар со домаќинот. За тоа каков бешпе односот на силите на терен најдобро говори и податокот дека Струга првиот погодок го постигна дури во 13.минута.
Вториот финалист ќе биде познат по завршувањето на денешните натпревари. Вториот финалист ќе биде познат по одигрувањето на дуелот меѓу Целје и Бешикташ кој е последен на програмата денеска.

Францускиот тим денска ја запиша втората победа на турнирот совладувајќи го Еурофарм Работник со 26-24 . Битолчани исто како и стружани ја завршија групната фаза со три порази. Битолскиот суперлигаш успеваше да држи чекор до последната четвртина кога имаше и минимална предност од 18-17, но Французите беа поуспешни во финишот , постигнаа три гола во серија, го презедоа водството и го задржаа до крај.

Дуелот меѓу Целје и Бешикташ е следен на програмата во Струга, а вечерниот термин од 21 часот, денеска е резервиран за дуелот меѓу Вардар и Металург во македонскиот Супер куп.

Се вчитува...