Конта испиша историја во Мајами

Јохана Конта испиша историја на женскиот британски тенис откако славеше над Каролин Вознијацки и се закити со трофејот на Мастерс-турнирот во Мајами. Со тоа, таа стана првата Британка што успеал да триумфира на некој од мастерс-турнирите во женска конкуренција.

Откако претходно во четвртфиналето ја изненади Симона Халеп, 25-годишната британска тенисеркa максимално мотивирано влезе во финалето, правејќи брејк при првиот сервис на противничката. Таа го доби стартниот сет со 6-3, за потоа во ист ритам да го одигра и вториот, добивајќи го со 6-4 за освојување на најзначајниот трофеј во досегашниот дел од нејзината кариера.

Успехот во Мајами ќе придонесе да дојде и до нов скок на Конта на ВТА-листата, со што таа од понеделник ќе биде седморангирана светска тенисерка.

Се вчитува...