Конте: Ако бидам сменет до Божиќ…

Интер игра во очајна форма во новата сезона, особено во Лигата на шампионите каде е многу блиску до елиминација, по поразот од Реал Мадрид. Како главен виновник за лошата форма се споменува Антонио Конте, кој сепак вели дека неговата позиција е сигурна.

„Ако до Божиќ бидам сменет, тоа ќе биде само поради тоа што не сум заслужил доверба, а не затоа што некои од фудбалерите ми работат зад грб. Тоа се глупости. Има уште многу работа да се заврши и ќе видиме како ќе изгледаме до Божиќ“, изјави Конте. 

Интер во моментот е на петта позиција во Серија А со пет бодови помалку од градскиот ривал Милан кој е на врвот.

Се вчитува...