Лидерот на англиската Премиер – лига, Челси, е во потрага за засилување во средниот ред, а Конте веќе го најде идеалното решение за неговиот тим. Се работи за Клаудио Маркизио, со кого Конте соработуваше и во Јувентус и во италијанската репрезентација.
Маркизио долго време го мачат повреди, го загуби и местото во првиот тим на Масимилијано Алегри, пред него добиваат шанса Пјаниќ, Кедира и Лемина, а неговите фудбалски денови се далеку од одбројани.
Сепак лондонскиот тим има конкуренција за потписот на искусниот плејмејкер. Баерн Минхен и Манчестер јунајтед исто така се интересираат за него, но Челси има предност поради заедничкото минато на Конте и Маркизио.
„Сините“ наредната сезона ќе се вратат во Лигата на шампиони по една година пауза, а токму Маркизио би бил засилување кое би донело искуство во тимот што сигурно ќе атакува кон европскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА