Конте го сака Андреа Пирло за свој асистент во Челси

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, сака да го доведе легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло како свој асистент на „Стемфорд бриџ“ од следната сезона. Тој бара ново решение за пополнување на стручниот штаб откако Стив Холанд одлучи да си замине на крајот од сезоната и да му се приклучи на Герет Саутгејт на клупата на англиската фудбалска репрезентација.

Конте и Пирло долг период соработуваа во Јувентус, но и во италијанската фудбалска репрезентација, а легендарниот играч за врска планира да ја заврши кариерата, откако ќе го одработи договорот со Њујорк сити во МЛС – лигата на САД. Сепак, тука Конте има одредени несогласувања со раководството на клубот и пред се со сопственикот Роман Абрамович, кој сака во стручниот штаб да биде приклучен домашен англиски тренер.

Се вчитува...