Конте: Интер не ми е во план, останувам во Челси

Антонио Конте беше споменуван како сериозна опција за нов тренер на Интер, дел од медиумите најавија дека Италијанецот поради носталгија ќе си замине од Челси, но екс-селекторот на „аѕурите“ експресно стави крај на овие гласини. Тој ја потенцираше својата лојалност кон сегашниот клуб, јасно ставајќи до знаење дека својата иднина ја гледа на „Стемфорд бриџ“.

Секој тренер, кога почнува да работи во нов клуб, очекува да остане таму долги години бидејќи тоа би бил доказ дека работи добро и би имал можност да ја подобри и играта на тимот и квалитетите на играчите. Наспроти шпекулациите, слободно можам да кажам дека Интер не ми е во план, останувам во Челси, сакам да бидам дел од овој клуб уште долго време. Никој не може да каже точно колку, сите видовте што му се случи на Раниери во Лестер, но сите мои планови во моментов се поврзани со клубот што го водам сезонава. Точно е, ми недостига семејството, но бараме решение за да ги донесам и следната сезона сите да бидеме заедно“ – изјави Конте.

Се вчитува...