Конте ќе пазари во Лондон

Антонио Конто по враќањето во Италија не остави голем впачаток во Интер, постојано бара нови засилувања, а не ги добива ни оние кои ги  посакува, туку она што му е наметнато од раководсвото. Таков е и случајот со Кристијан Ериксен кој во составот на нероазурите пристигна како големо засилување од Тотенхем, но не доби адекватна шанса.

Тренерот на Интер сака по секоја цена да го продаде Данецот кој во летниот период беше понудуван на Челси, Баерн и Борусија Дортмунд, а сега прва опција е играчот на Арсенал, Гранит Џака. Швајцарецот пристигна во Арсенал во 2016 година, но во последно време не е прва опција кај топџиите, па може набргу да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Желбата за своите поренешни играчи не престанува па Италијанецот ќе се обиде во својот тим да ги доведе и пулените од „Стемфорд Бриџ“, Емерсон Палмиери и Оливие Жиру. Италијанецот со бразилски корења и Французинот не се во преден план кај Френк Лампард, а нивната преселба во Милано би значело дополнително олеснување на буџетот.

Се вчитува...