Конте: Меси во Интер ? Полесно ќе ја преместиме миланската катедрала

Тренерот на Интер, Антонио Конте е комплетно задоволен од тимот со кој работи и од резулттите кои ги постигнаа во оваа сезона. По тирумфот над Наполи во претпоследното коло од продолжената сезона во Серија А, Конте пред медиумите објаснуваше зошто смета дека моменталната позиција на Интер е одличен резултат. Тој одговори и на шпекулациите за наводниот потенцијален трансфер на Лео Меси.

„Ако ме прашувате што би избрал Лео Меси или четворица играчи за 50 милиони евра ќе ви кажам дека и двете опции се невозможни. Морам да кажам дека полесно ќе ја преместиме катедралата во Милано отколку што ќе го доведеме Меси тука. Јас сум задоволен од момците со кои работам, тие ми даваат многу и фокусиран сум на нив“ – изјави конте.

Во пресрет на последното коло од Серија А, Интер има 79 бода на втората позиција на табелата, еден бод зад него е Аталнат и в сабота во директен дуел овие два клуба ќе го решат освојувачот на вторто место на конечната табела.

Се вчитува...