Конте до Ериксен – Не ти е ова Англија, очекувањата тука се големи

Тренерот на Интер Антонио Конте го критикуваше Кристијан Ериксен. Данецот не се најде во стартните 11 против Торино, по што се отвори прашање дали тренерот на „нероаѕурите“ е во конфликт со данскиот интернационалец.

„Потребно е да држи баланс и секогаш да игра на високо ниво. Очекувањата во Италија се големи и јасно му е дека му се приклучи на тим со големи амбиции. Работев во Англија и таму ситуацијата е многу полесна, многу помирна од тука. Тој е посветен и работи добро, но јас морам да носам најдобри одлуки за Интер“, изјави Конте. 

Интер го совлада Торино со 3-1 и се искачи на втората позиција на првенствената табела.

Се вчитува...