Конте на „нож“ со раководството на Интер: На крајот од сезоната заминува од клубот!?

Антонио Конте на крајот од сезоната би можел да го напушти Интер, тврди „Скај Италија“.

51-годишниот Конте е во лоши односи со раководството на клубот кои дополнително се заострени по лошите резултати последниот период. Сето тоа носи можност за прекин на соработката. Двете страни на крајот од сезоната на заедничка маса повторно треба да го решат меѓусебниот однос.

Според пишувањата на „Скај Италија“ од раководството на Интер се цврсто решени да бидат почитувани нивните планови околу иднината на клубот. Ако тоа не е по волјата на Конте слободно ќе може да го напушти клубот. Наводно, прв кандидат за нов тренер е Масимилијано Алегри.

Се вчитува...