Конте: Не вреди да го ризикуваме Лукаку

Ромелу Лукаку нема да може да настапи за Интер викендов против Парма, а големи се шансите дека белгискиот ас ќе го пропушти и наредниот дуел од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. Тренерот Антонио Конте на денешната прес-конференција јасно стави до знаење дека нема да брза со враќањето на најдобриот напаѓач, бидејќи ризикот од влошување на повредата е огромен.

„Лукаку се повреди при еден шут со Шахтјор, има проблем со мускулот. Нема да игра со Парма, а искрено не верувам дека ќе може да настапи и во ЛШ. Ќе видиме, неговата ситуација се следи, но мој став е дека не вреди да го ризикуваме Лукаку, при ваков вид на повреди лесно може да се случи поради ризикување да платите скапа цена, па фудбалерот долго време да отсуствува. Затоа, мора да биде реален и самиот играч, да не избрзува бидејќи ако не е стопроцентно фит по ваква повреда, лесно доаѓа до обновување и влошување на стариот проблем“, истакна Конте.

Проблем повеќе за него претставува фактот дека и Алексис Санчез е повреден, па стратегот на Интер ќе го има само Лаутаро Мартинез од врвните голгетери во тимот.

Се вчитува...