Конте не запира: Ленгле е петто засилување на Тотенхем

Тотенхем продолжува со засилувањата во летниот преоден рок откако управата му исполни на тренерот Антонио Конте уште една желба – доведувајќи го Клемен Ленгле како освежување за одбранбената линија на „спарси“.

Францускиот дефанзивец доаѓа на позајмица од Барселона, без клаузула за задолжителен откуп на крајот од сезонава. Тој најдобрите денови во кариерата ги мина во дресот на Севилја, потоа како член на Барса не беше најстандарден, но Конте е убеден дека може да го врати Французинот во топ-форма.

Ленгле е петтото засилување на Тотенхем во овој преоден рок, по голманот Фостер, потоа Иван Перишиќ од Интер, Бисума од Брајтон и бразилскиот голгетер Ришарлисон од таборот на Евертон.

Се вчитува...