Конте: Немам време за глупостите на Мурињо

Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Челси, денеска гостува на „Олд трафорд“ против Манчестер јунајтед, а тоа ќе биде и нов дуел меѓу менаџерите, Жозе Мурињо и Антонио Конте. Минатиот пат имаа жестока пресметка крај аут – линијата, а сигурно дека и на овој нов меч ќе има изливи на емоции. Но, италијанскиот стратег не сака да влезе во „играта на Мурињо“ пред стартот на натпреварот. Не даде провокативни изјави во пресрет на дербито.

„Немам јас време за такви глупости. Работевме напорно и во мир се подготвувавме за следниот натпревар. Не е лесно да се гостува на „Олд трафорд“, но едноставно нема лесен натпревар во Премиер – лигата. Верувам во мојот тим и ние ќе одиме таму за да ги освоиме трите бода“, изјави Антонио Конте.

Се вчитува...