Конте поради носталгија се враќа во Италија

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, ќе ја освои титулата во Премиер – лигата, а потоа ќе се врати во Италија. Поранешниот селектор на „аѕурите“ се бори со носталгија и би можел да се врати на Апенините по само една сезона мината во англискиот шампионат, пишува италијанскиот весник „Ла Република“.

Интер е клубот што е сериозно заинтересиран да го ангажира Антонио Конте од следната сезона. Раководството на „нероаѕурите“ планира да вложи огромни финансиски средства во реновирање на тимот, и верува дека со Конте на кормилото би можел веднаш и да стигне до шампионската титула во Италија.

Конте има одлична сезона со Челси, во моментот со тимот од „Стемфорд бриџ“ има десет бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата пред Тотенхем.

Се вчитува...